Почетна » Рецепти » Главни јадења » Похувани плескавички од тиквички со фета

Похувани плескавички од тиквички со фета

Главни јадења

Зимскиот период ги истакнува некои рецепти типични за овој период од годината, но истовремено не потсетува и на некои брзи летни рецепти во кои уживаме во другиот период од годината.

Ние ви предлагаме рецепт за љубители на тиквички подготвени на начин погоден и за ладно време, кој има потенцијал да стане ваш омилен оброк.

Состојки:

750 гр изрендани тиквички

250 гр фета сирење

две лажици свеж зачин – копар

120 – 150 гр брашно

3 изматени јајца

сол, пипер и мешан зачин по вкус

5-6 парчиња млад кромид,

Подготовка:

Тиквичките измијте ги и изрендајте ги на широката страна од рендето. Ставете ги во цедалка, посолете ги и оставете ги околу половина час да се исцедат. Исецкајте го младиот лук (само белиот дел), ставете го во сад и промешајте го со фета сирењето. Потоа додадете го ситно исецканиот копар, брашното, малку сол, пипер и мешан зачин. Внимавајте со посолувањето затоа што и сирењето е солено. Додадете ги изматените јајца и убаво соединете ја смесата. Во смесата додадете ги тиквичките и убаво промешајте. Во поголема тава на загреано масло, со лажица ставајте од смесата и пржете ги плескавиците околу 3 до 4 минути од секоја страна. По пржењето ставете ги на кујнска хартија да се исцеди вишокот масло. Можете да ги послужувате со павлака или салата од домати.