Почетна » Дива » Култура » Светот тажи за Умберто Еко

Светот тажи за Умберто Еко

Култура

Едно од најпознатите светски критичарски и есеистички пера,  Умберто Еко, почина синоќа на 84 годишна возраст, губејќи ја битката со ракот.

Тој е авторот на познатиот роман од 1980 година „Името на розата“, кој во 1986 година имаше и филмска адаптација. Умберто Еко предаваше на универзитетот Харвард од 1992 до 1993 година, и беше професор по семиотика на Болоњскиот универзитет. Во една прилика Еко изјавил дека пишувањето романи за него е само занимација во слободното време, со зборовите: „Јас сум филозоф, романи пишувам само за викенд.“

Други познати негови дела се : „Нишалото на Фуко“, „Островот од претходниот ден“, „Баудолино“, „Прашки гробишта“.

Нему му се припишува и мислата дека мобилните телефони се измислени за оние кои имаат подредена улога во животот и треба постојано да бидат достапни како робови за своите сопственици, поради што тој не сакал да ги користи. Неговата куќа е една огромна библиотека која што тој ја покажа на јавноста при снимањето на документарниот филм „Неговата меморија“ од страна на Давиде Ферарио.

Umberto Eco che percorre la sua casa-bibliotecaUmberto Eco che percorre la sua casa-biblioteca.(dal documentario “Sulla memoria”, di Davide Ferrario. Clip via Stefano Crupi)

Posted by La Repubblica XL on Saturday, February 20, 2016

Италијанскиот премиер Матео Ренѕи прв му оддаде почит на реномираниот автор со зборовите: „Тој беше извонреден пример на европски интелектуалец. Ова е голема загуба за културата, на која ќе и недостасува неговото пишување и неговиот глас, остар и жив, и неговата хуманост.“

Ако не сте ја прочитале книгата, направете го тоа, или во дождливиот викенд изгледајте го филмот „Името на розата“.