Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Почина модната кралица на плетивата Соња Рикел

Почина модната кралица на плетивата Соња Рикел

ЅвездиМода

„Таа не измисли само моден стил, туку и став, начин на живот и постоење, и им даде слобода на движење на жените“ се вели во соопштението од Елисејската палата за оваа модна дама која почина на 86 годишна возраст.

rikel

Во текот на повеќе од пет децении откако почнала да се занимава со мода во 1961,  Соња Рикел била предводник на многу новини во модната индустрија. Таа прва направила промена на модната писта, наместо по една да излегуваат по повеќе манекенки одеднаш, а била и прва која ставила пишан текст на своите модели.

rikel2

Како тинејџерка, таа работела на уредување излози, а нејзиното неверојатно чувство за бои го препознал познатиот уметник Анри Матис, и од нејзиниот излог ги купил сите марами. Таа фасцинација со боите и ткаенините остана нејзиниот моден потпис до крај.

„Мислам дека креативноста е во вас,“ изјавила таа еднаш за магазинот Тајм во интервју уште во 1982 година, „и ја разоткривате ако имате нешто да кажете.“