Почетна » Нега » Коса » Побелената коса е резултат на оксидативен стрес

Побелената коса е резултат на оксидативен стрес

Коса

Тим од научници од Универзитетот во Бредфорд, откриле што го предизвикува побелувањето на косата и како може да се спречи.

Всушност, било откриено дека луѓето чија коса побелува развиваат голем оксидативен стрес поради акумулација на водородниот пероксид во фоликулите на влакната, со што косата сама станува бела од надвор и одвнатре. Научниците од „School of Life Sciences“  во Бретфорд тврдат дека собирањето на водород пероксидот може да се излечи со UVB активиран спој наречено PC-KUS (модифицирана псевдокатализа). Таа постапка може да се користи и во лечење на витилиго, кожна болест која се карактеризира со губење на пигментот.

– Ова е прв пат да имаме постапка против побелената коса која навлегува во самата срж на проблемот,- изјавила професорката Карим Шалројтер и додала дека тоа што ја прави поинтересна целата постапка е тоа што е ефикасна и против витилиго.