Почетна » Дива » Настани » Пиволенд 2017 во знакот на Супер Купот

Пиволенд 2017 во знакот на Супер Купот

Настани

И јубилејното десетто издание на „Пиволенд“ оваа година ќе биде посветено на Супер Купот. Од вечерва до 12 август посетителите и љубителите на пивото ќе можат да ги слушаат и гледаат „Ван Гог“, „Неверне бебе“, С.А.Р.С., „Негатив“, „САФ“. Покрај бројните ди-џеи, интересно ќе биде да се види и настапот на девојките од „Трибјут ту Бијонсе“, а како поттик на навивачката атмосфера, ќе има и содржини за фудбалските навивачи.

Оваа година со одржувањето на „Пиволенд“ всушност ќе започне и големата летна забава „Супер Скопје“, која ќе се одржи на повеќе локации во градот. На 18 и 19 август забавата ќе се организира на Кејот 13 Ноември, на 25 и 26 август во Старата скопска чаршија, на 1 и 2 септември на улицата Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Фестивалот е под покровителство на Градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.

pivolend1