Почетна » Рецепти » Зимница » Пиперки со павлака и сирење

Пиперки со павлака и сирење

Зимница

Дали како мезе за ракија или додаток со пита и гибаница, наместо урда и пиперки, пробајте павлака и пиперки.

Ако сте го пробале овој кремаст рецепт, многу лесно можете и сами да го направите. А кој е љубител на пикантните вкусови, слободно може да стави и една лута пиперка.

Потребни состојки:

2 големи зелени или црвени пиперки

1 кисела павлака

4 – 5 полни лажици рендано сирење

сол по желба

Подгответе една тегла во која ќе ја наредите оваа вкусна салата. Ако сакате да направите повеќе, само помножете ги состојките со онолку тегли колку што сакате да ставите за зимница.

Прво исецкајте ги пиперките на помали парчиња. Потоа измешајте ги сирењето и павлаката, па пробајте ја мешавината и ако не ви е доволно солена, додадете сол.

Во теглата наредете ред павлака со сирење, ред пиперки, додека не се наполни. Затворете ја теглата, па држете ја прво 2-3 дена во умерено топла просторија, па потоа префрлете ја во фрижидер или во подрум.
Може да се јаде набрзо, доволно е да отстои 4-5 дена. Уживајте!