Почетна » Рецепти » Главни јадења » Пилешки копани во црвен ориз (видео)

Пилешки копани во црвен ориз (видео)

Главни јадења

Можеби вашата баба или мајка ви го приготвувала ова вкусно јадење, па опојниот мирис ќе ве врати во детството. Во секој случај, тоа е ручек готов за 40-тина минути, се приготвува во само една тава и совршен е за работните денови кога немате многу време, а сите се гладни.

Состојки:
5 пилешки копани
1 лажиче сол
1 лажиче црн пипер
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче сув магдонос
1 лажица лук
½ шолја црвен кромид
1 шолја ориз
1 и ½ шолја пилешка супа од коцка
малку сол и црн пипер

Копаните се мијат и се зачинуваат со сол, црн и црвен пипер и сувиот магдонос. Малку се пропржуваат во тава на врело масло додека не потемнат од двете страни. Се вади месото настрана, а во тавата каде што се пржело се пропржуваат лукот и кромидот, па се додава оризот и пилешкиот бујон и се зачинува со сол и бибер.
Потоа се враќа месото во тавата, се поклопува со капак и се става во рерна да се пече 35 минути на 200 степени. За поубава илустрација, погледнете го видеото.