Почетна » Рецепти » Салати » Пилешка салата со цвекло

Пилешка салата со цвекло

Салати

Оваа салата нема шанса да не ја познаете кога ќе ја видите, по бојата, ама и вкусот не е за занемарување.

Веруваме дека салатава може да се носи рамо до рамо со руската, само што нема толку сецкање, а и излегува поприлично големо количество.

Потребни состојки:

2 пилешки бели меса

1 тегла цвекло, исцедено

1 мала шолја (150 гр) ориз

1 мала тегла мајонез (350 гр)

Прво се вари пилешкото месо и откако ќе се излади ситно го сецкате. Оризот се вари со малку масло. Се остава да се излади. Цвеклото се цеди и се сецка ситно. Овие четири состојки се мешаат, и ако не ги служите веднаш, не морате да им го ставате мајонезот. Инаку, на крај се замешува и мајонезот и се остава да се излади пред сервирање.