Почетна » Рецепти » Главни јадења » Пикантни телешки енчилади

Пикантни телешки енчилади

Главни јадења

Не морате да одите во мексикански ресторан за да каснете нешто вкусно и луто. Овие енчилади можете да си ги направите и дома, за еден невообичаен ручек за целото семејство. Енчиладите се лесни и брзи за правење, само треба од најблискиот супермаркет да си набавите готови тортиљи.

Состојки:
300 гр мелено телешко месо
1 лажица маслиново масло
400 гр сецкани домати (или од конзерва)
8 лажици доматна салца
1 лажица чили во прав
2 зелени лути пиперки, исецкани
4 готови тортиљи
100 грама мелен грав
4 лажици немасно сирење кедар или кашкавал

Загрејте масло во нелепливо тавче и пропржете го меленото месо на средна температура додека не покафени.
Исцедете го вишокот маснотија и додајте ги доматите, салцата, лутите пиперки и чилито. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата и нека крчка уште 10 минути.
Тортиљите намачкајте ги прво со мелениот грав, па потоа ставете од прженото месо во центарот на секоја тортиља.
Завиткајте ги, ставете ги на чинија и нарендајте кашкавал одозгора. Печете ги 3-4 минути во микробранова печка на средна температура.
Наместо во микробранова, можете и да ги ставите во тава за печење и да ги печете во рерна 15 минути на 180 °C. Готовите енчилади можете да ги сервирате со свежа зелена салата или павлака.