Почетна » Рецепти » Главни јадења » Пица ролат што се јаде со поглед

Пица ролат што се јаде со поглед

Главни јадења

Се замесува за нијанса помеко тесто од вообичаените пекарски рецепти, на следниов начин:

Во сад со 300 милилитри млака вода (може и млеко) се растопуваат една чајна лажичка сол и една супена лажица шеќер, заедно со половина свеж квасец (20 грама). Се додаваат 2 супени лажици масло (30 милилитри) и се остава смесата да отстои 5 минути.

pizza testo vo topka

Половина килограм брашно се сипа во садот каде што со постепено долевање на смесата го замесуваме тестото. Кога ќе бидете задоволни од мекоста и гибкоста на добиеното тесто, направете 4 топки од него (ви случај ако имате мало тавче може и пет). Добиените топки намачкајте ги со масло за да не добијат кора и покријте ги со проѕирна стреч фолија од сите страни. Тестото се остава да стаса најмалку еден час на топло место, а ако е во зимски услови или ладна просторија, тогаш до два часа.

pica rolat prazen

Кога тестото ќе ја удвои својата величина, тоа е подготвено за натамошна работа. Од секоја топка направете со рака (не со сукало) правоаголна форма со допири од прстите. Помалата страна од правоаголникот треба да изнесува 25 сантиметри, а од подолгата 35 сантиметри. Зависно од тоа каков вкус преферирате, можете да направите различни мешавини за филот.

pizza rolat pred vitkanje

Пица вкус: Покријте го целото тесто со кашкавал (по можност рендан), а одозгора наредете салама или кулен. По желба можете да додате печурки или феферони.

Вегетаријанска: Покријте го целото тесто со кашкавал, а одозгора наредете ситно сецкани шампињони, маслинки, а по желба можете да додадете кромид или свежа пиперка.

Туна вкус: покријте го тестото со кашкавал (наша препорака за овој вкус е да користите посен кашкавал), а одогора наредете туна и ситно сецкан кромид. По желба додадете маслинки или феферони.

pizza rolat smotan

Виткањето на пицата направете го така што ја ролате подолгата страна (35 сантиметри). Почнувате со помал чекор од 1-2 сантиметри, а секој следен го удвојувате. Онаму каде што тестото завршува ја претставува доланата страна со која го редите во тавчето.

pizza rolat smotan pecen

Оставете по 1-2 сантиметри меѓу наредените ролни. Рерната треба да ви биде загреана на 300 степени, а плехот го ставате да се пече околу 10 минути. Потребно е добро да ја познавате рерната бидејќи не смее да се дозволи горење или пресушување на тестото. На некоја минута пред крајот, можете да ја намачкате горната страна од ролатот со масло (нанесување со четка), а по вкус да додадете одозгора оригано или малку крупна сол.

pizza rolat parcinja