Почетна » Љубов » Искуства и совети » Петте сетила на љубовта

Петте сетила на љубовта

Искуства и совети

Во обидот да бидете свои покрај партнерот, потребно е да ја негувате врската. Со помош на петте сетила, лесно ќе го постигнете тоа.

Вид

Додека едни велат далечината ја разгорува страста, други се приврзаници на онаа познатата „Далеку од очите, далеку од срцето“. Никој не кажал дека е едноставно да се одржува врската и едноставно да внесете друга личност освен вас во вашиот интимен простор.

Звук

По некое време поминато во врска, сите стануваме поневнимателни кон партнерот. Одржувајте ја комуникацијата со партнерот, не одговарајте со бледи фрази со кои заедничкото време ќе ви стане досадно.

Допир

Овој дел е најважен. Сите допири од држење за рака до сексуалниот чин влегуваат во овој поим. Тоа што ќе ги негувате чувствата на ваков начин верувајте е послесно отколку од почеток да се борите за љубовта на партнерот.

Мирис

Знаете дека мирисот може да ви помогне да се присетите на некои случки, луѓе и сл. Според тоа, можете да сочувате облека од партнерот или шишенце парфем, кое ќе ве потсеќа на него и кога не сте заедно ќе ве оттргне од негативни мисли.

Вкус

Потсетете се на чувството кога прв пат се бакнавте. Не земајте ја љубовта на партнерот здраво за готово и преку бакнежот секогаш покажувајте му колку го сакате. Уште подобро, однесувајте се како секој бакнеж да ви е последен.