Почетна » Семејство » Деца » Пет причини зошто помалите деца успеваат во животот

Пет причини зошто помалите деца успеваат во животот

Деца

Најмалите деца во семејството најчесто се издвојуваат како белјаџии, неодговорни, гладни за внимание, кои мислат дека можат да прават се. Но науката покажува дека карактеристиките заради кои во семејството се шегувале со нив, прават помалите деца подоцна во животот да го искористат својот потенцијал до максимум.

Тие се поголеми аватуристи, затоа што како мали морале сами да си го бараат своето место во семејството, за разлика од првородените. Заради тоа повеќе експериментирале и ризикувале, па заради тоа се понаклонети кон истражување и отворени за искуства.

Тие се најчесто многу смешни. Еди Марфи, Стивен Колберт, Џенифер Лоренс и Тина Феј се најмали деца во семејството, со најголема смисла за хумор. Според психологот Ричард Вајзмен, најмалите деца се натпреваруваат со другите за да го привлечат вниманието на родителите, а добар начин за тоа е со хумор.

Тие се поопуштени, затоа што и родителите биле поопуштени со нив, откако веќе се здобиле со искуство со постарите деца. Според психологот и автор на книги Кевин Леман, најмалите деца се помалку ориентирани кон правилата, а сепак добиваат многу внимание.

Тие се одлични во создавање пријатели. Додека првородените се понаметливи, најмалите се најчесто друштвенни и забавни. Затоа што морале да си го најдат местото меѓу другите деца, најмалите учат како да ги контролираат ситуациите и да манипулираат со луѓето, затоа се одлични во доменот на продажбата, вели Леман.

Тие се покреативни. Додека постарите деца во просек имаат малку повисок коефициент на интелигенција, помалите се покреативни, зашто барале алтернативни начини за максимална корист од околината, и не се натпреваруваат директно за истите ресурси како најстарите деца. Според Саловеј, на тој начин тие развиваат различни интереси и искуства кои не се мерат со тест за интелигенција. Можеби затоа анкетата на „Career Builder“ открива дека најмладите деца во семејството често ги привлекуваат креативни професии како дизајн, архитектура, пишување или уметност.