Почетна » Дива » Мода » Пет модни трикови за повитка фигура

Пет модни трикови за повитка фигура

Мода

Можеби не сте свесни дека тоа парче облека кое најмногу го сакате прави да изгледате подебели.
За среќа постојат и спротивни примери, па можеби тие фармерки толку многу ги сакате затоа што прават нозете да би изгледаат подолги. Еве неколку супер трикови со кои ќе „намалите“ килограмите за една минута.

Темни фармерки

Џинсот треба да одговара на вашиот облик на тело. Темните фармерки секогаш се добро решение, а светлиот дел на колената ќе направи да изгледате уште повитки. Покрај тоа, маица која го прекрива струкот и кратка јакна најчесто се прилагодливи за секоја фигура.

Долг џемпер

Најчесто погрешно е мислењето дека облеката во поголем број ќе ве направи послаби. Но, долгиот џемпер ќе му даде на вашата фигура издолжен изглед. Истото тоа важи и за долгите синчирчиња.

Струкиран фустан

Одлично ги прикрива недостатоците, доколку имате облик на тело како песочен часовник. Нежно паѓа и ја следи линијата на телото.

Туника

Широката туника може да изгледа контрадикторно во однос на нашите совети, но е и изненадувачки делотворна. Важно е да го дефинирате обликот на туниката со тенок ремен. Секако облечете чевли со платформа, затоа што колку сте повисоки, толку повитки ќе изгледате.

Долги црни траперки

Црните пантолони драстично ја издолжуваат силуетата. Ако имате големи колкови можете да ги носите со светли маици.