Почетна » Дива » Настани » „Пепелашка“ премиерно во Театарот за деца и младинци

„Пепелашка“ премиерно во Театарот за деца и младинци

Настани

Утревечер во Театарот за деца и младинци, премиерно ќе биде изведена бајката „Пепелашка“ од Шарл Перо и браќата Грим, во режија на Деан Дамјановски и драматизација на Горјан Милошевски, а со користење мотиви од првата анимирана адаптација на „Дизни“.

Ликовите на Пепелашка која не губи верба, Принцот кој не престанува да ја бара вистинската љубов, Маќеата која врие од злоба, двете полусестри кои луто се караат која е поубава, кралот кој сака само да го жени принцот, расеаната, добра и весела самовила, трапавите симпатични животни и еден слуга кој прави глупост само што ќе мрдне со малото прсте влетуваат во еден брз сплет на смешни, стрмоглави, неизвесни и среќни случки.

Израдувајте ги вашите најмали и во електронската ера почестете ги со една класична приказна за доброто и злото, за љубовта и омразата. Почетокот на претставата во изведба на Наташа Петровиќ (како Пепелашка) и Ненад Митевски (како Принцот) и реномираниот актерски состав на Театарот за деца и младинци е во среда е во 19 часот, а билетите се по цена од 150 денари.