Почетна » Рецепти » Главни јадења » Пекарски ѓувеч со мелено месо

Пекарски ѓувеч со мелено месо

Главни јадења

Ако сте во потрага по рецепт кој ќе смени нешто во вашето секојдневие, а сепак ќе направи да се чувствувате најадено, можете да го пробате пекарскиот ѓувеч.

Наша препорака е овој рецепт да го збогатите со зачини по желба, бидејќи подлгогата која произлегува од состојките, ви овозможува да експериментирате, па не ја пропуштајте шансата!

Состојки:

6 компири

250 грама мелено месо

1,5 шолји ориз

црвен кромид

морков

сол, бибер (зачин по желба)

2 сецкани домати (или од конзерва)

1 лажица доматно пире

Подготовка:

Во тенџере прво издинстајте го морковот, па додајте го месото, биберот и зачините. Кога месото ќе смени боја, додајте ги сецканите домати и пирето од домати.

Излупете ги компирите, и исечете ги на тркалца. Во садот за печење наредете ред компири, па исчистениот ориз и посолете. Преку тоа ставете го издинстаното месо со кромидот и морковот, а најгоре пак наредете компир.

Прелијте се со вода, која треба да ги покрие компирите. Покријте го садот со фолија и ставете го во рерна да се пече 20 минути на 200 степени.