Почетна » Сештоманија » Шопинг » Патентиран е новиот тип на модерни супермаркети

Патентиран е новиот тип на модерни супермаркети

Шопинг

Пазарење во супермаркет од само пет минути, а притоа нема потреба да барате паркинг и да го напуштате возилото!

Ова е новиот концепт за пазарење во супермаркетите патентиран од страна на Дахир Семенов Курманбиевич, руски изумител, чија визија е пазарењето да се пренесе на пунктови како на бензиска станица. Гондолите со производи ќе може да се „скролаат“ со копче и на тој начин да се избираат саканите производи, кои се ставаат на подвижна лента која ги носи до касиерката. Таа ги пакува за вас, а вие само плаќате и товарите.

Секако дека можеме да најдеме многу маани, но проектот се уште е во идејна фаза и до конечната реализација има доста време за сите недостатоци да се „испеглаат“.

 

Drive-Thru ShoppingThis supermarket is the future of shopping…

Posted by Futurism on Monday, March 7, 2016