Почетна » Семејство » Во брак » Паровите најмногу се караат по завршувањето на работното време

Паровите најмногу се караат по завршувањето на работното време

Во брак

Вашиот дом треба да биде оаза на мирот, затоа не дозволувајте стресот и незадоволството кое го носите од работа во домот да ви го уништи бракот.

Најстресно време од денот е еден час по завршувањето на работното време. Тоа време е обележано со промени во расположението, посебно денес бидејќи поголемиот број на луѓе се незадоволни со својата работа.

Покрај стресната работа, нервозата ја зголемува и гладта, гужвата во сообраќајот и ѕвонењето на телефонот, па фразата „Душо, пристигнав“ изгледа повеќе како предупредување отколку како топол поздрав.

Лори Пун, авторка на книга за совети во брак вели, „Луѓето цел ден го поминуваат контролирајќи се и полнејќи се со нервоза на работа, па нивниот партнер несвесно им станува омилен издувен вентил“.

Таа објаснува дека паровите кои ќе научат да се носат со стресот и за него отворено да разговараат, се позадоволни од својот однос, но и кај таквата комуникација постојат некои насоки за разговорот да не премине во кавга.

Ако сте премногу нерасположени кога ќе се вратите од работа, најдобро е првите 20 минути да ги одвоите само за себе, истуширајте се или правете нешто друго што ве смирува.

Потоа пожалете му се на партнерот, но не му досадувајте со безначајни детали. Разговорот започнете го со најзанимливата информација, па потоа зборувајте за деталите. На крај, не заборавајте дека не сте единствени кои имате стресна работа и потреба да се опуштите и пожалите. Сослушајте го вашиот партнер дури и ако не сте расположени за тоа, бидејќи добриот однос е двосмерен и полн со поддршка.