Почетна » Рецепти » Слатки » Парфе – леден летен десерт

Парфе – леден летен десерт

Слатки

Овој сладок смрзнат рецепт сигурно добро ќе ви дојде за послужување во лето, од замрзнувач право во чинија. Лесно се приготвува, а смрзнат ќе ви трае долго и дури ќе заборавите дека го имате за изненадни гости или за своја душа.

Потребни состојки:

10 јајца

18 лажици шеќер

4 лажици брашно или 2 лажици брашно со 3 лажици мелени ореви

100 гр чоколадо

100 гр лешници или ореви

За тестото, се матат 4 јајца со 4 лажици шеќер и 4 лажици брашно или 2 лажици брашно и 3 лажици мелени ореви, па се пече.

Во млекото се додаваат шлаговите и се матат со 8 лажици шеќер. На ова се додаваат претходно изматени 6 јајца со 6 лажици шеќер. Се заедно се меша и му се додава рендано чоколадо и лешниците или оревите, претхнодно потпечени и издробени.

Во правоаголен плех се става најлонска фолија во висина на плехот. Се истура смесата, па врз неа се става печеното тесто. Потоа се покрива и одгоре со најлон и се става во замрзнувач да се замрзне, а кога сакаме да го послужиме, го превртуваме, сечеме и послужуваме додека е цврсто како сладолед.