Почетна » Нега » Природна храна » Овошје во зрна, но здравје на кило!

Овошје во зрна, но здравје на кило!

Природна храна

Запознајте ги капините, боровинките, малините и рибизлите – зрнесто овошје кое е неверојатно добро за вашето здравје.

Ваквото овошје е дар на природата, а се работи за плодови кои можат да се конзумираат свежо набрани или како мармалад.

Капини

Капината поради нејзината се смета за многу вредна намирница. Содржи лековити антиоксиданси како што се витаминот Ц, витаминот Е, односно здрави киселини. Антиоксидансите го заштитуваат кардиоваскуларниот систем, помагаат против штетното влијание на сонцето врз кожата и сл. Капините се супер овошје за сите оние кои сакаат добро здравје и долг живот.

Боровинки

Летото е периодот на боровинките. Покрај тоа што се вкусни и можат да се конзумираат на најразлични начини, боровинките и спасуваат живот. Богати се со здрави влакна, а најмногу со пектин кој го намалува холестеролот во крвта. Со истражувања било докажано дека боровинките го намалуваат ризикот од настанување на некои видови заболувања како што се рак на желудникот, дебелото црево, белите дробови и сл.

Малини

Ова вкусно овошје достапно е во текот на целото лето. Малината содржи голем број витамини и минерали и има силно антиоксидантско својство. Значително повеќе од јагодите, доматите или кивите, а таквото својство не се губи со замрзнување на овошјето.

Рибизли

Уште еден вид на овошје кое не смеете да го заборавите ова лето. Како и другите видови на зрнесто овошје, рибизлите се богати со витамини како што е витаминот Ц, а содржат и Б1 и Б2 витамини, железо, фосфор и натриум. Рибизлите се познати како добри диуретици и се препорачуваат за сите оние кои страдаат од хроничен замор и исрпеност.