Почетна » Сештоманија » Интернет » Отсега на Инстаграм: Папата Франциско соборува рекорди!

Отсега на Инстаграм: Папата Франциско соборува рекорди!

Интернет

Папата Франциско започна „ново патување“ на популарната социјална мрежа за споделување фотографии за себеси да се направи што подостапен на верниците коишто ја користат оваа апликација.

Папата вчера на својот налог на Твитер, го напиша следното: „Почнувам ново патување, на Инстаграм, кадешто ќе чекорам покрај вас по пат на милоста и нежноста на Бог“.

Во рок од половина час од придружувањето на оваа социјална мрежа почнаа да го следат 70.000 луѓе.

Првата фотографија којашто папата ја објави на својот Инстаграм по името „Францискус“ е како се моли на колена со потпис: „Молете се за мене“ на девет различни светски јазици.

Бројот на следбеници на папата расте од минута в минута, и сигурно ќе собори рекорд на Инстаграм.