Почетна » Рецепти » Салати » Освежувачка овошна салата

Освежувачка овошна салата

Салати

Најздравата и највкусната овошна салата. Да, во неа главната улога ја има боровинката.

Постои долга листа на лековитите особини на боровинката, а според невролозите, кога станува збор за заштита на мозокот, не постои ништо што може да го замени ова овошје. Освен тоа, боровинката е одлична за подобрување на видот, чистење на артериите, зајакнување на крвните садови, но и помага при контролирањето на телесната тежина. Еве како можете да ја конзумирате.

Состојки:

1 црвен цитрон

1 жолт цитрон

200 гр боровинки

1 јаболко

1 киви

За прелив:

100 мл сок од портокал

сок од лимон

30 гр мед

Подготовка:

Исчистете ги црвениот цитрон, жолтиот цитрон и кивито и исецкајте ги на кругови.  Наредете го овошјето во чинија. Исчистете го јаболкото, исецкајте го на коцки и ставете го во средина на чинијата. Врз јаболкото ставете ги боровинките. Медот промешајте го со сокот од лимон и портокал и прелијте го овошјето.

Оваа овошна салата е богата со јаглени хидрати и пред сѐ одлична е за деца и луѓе кои се физички активни. Не се препорачува за луѓе кои боледуваат од шеќерна болест, како и за луѓе кои имаат прекумерна тежина и се на редуцирана диета. Уживајте.