Почетна » Сештоманија » Телоговор » Осум прашања во тестот на Фројд и даваат шанса на потсвеста да зборува

Осум прашања во тестот на Фројд и даваат шанса на потсвеста да зборува

Телоговор

Зигмунд Фројд се смета за „татко“ на современата психоанализа, но во минатото неговите тестови биле оспорувани, а него го прогласувале за шарлатан.

Еден од тестовите е и популарната „осумка“ која може да се најде со пребарување на Интернет. Ви ги нудиме прашањата од овој тест, но пред да почнете морате да се обезбедите со лист и молив, за да ги запишете одговорите. Уште подобро, вие можете да се сконцентрирате на она што прашањата го бараат од вас, но имајте помошник што ќе го запише сето тоа во ваше име. Значењето на одговорите е на крајот од овој текст и ви препорачуваме да не ги гледате пред да ги дадете вашите одговори.

doktor frojd

1. Гледате во море… Кое е вашето прво чувство? (можете да ги затворите очите)

2. Одите низ шума и гледате под нозете … Што чувствувате? (максимум 30 секунди за одговор)

3. Гледате како летаат галеби… Што чувствувате?

4. Гледате стадо коњи .. Напишете што прво ќе помислите, без долго размислување

5. Во пустина гледате ѕид со мал отвор, зад кој има оаза… Во случајов се бараат вашите дејства, напишете што би направиле!

6. Повторно сте во пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате сад со вода… Што правите? Можеби е банално, но запишете го одговорот на хартија.

7. Изгубени сте во шума. Се стемнило, а вие гледате куќа со осветлен прозорец… Што правите?

8. Се наоѓате во магла… Како ќе реагирате, што ќе направите?

Запишете ги вашите одговори пред да продолжите!

osmica frojdova

psiho terapija

Ова се толкувањата кои се нудат за горниот прашаилник:

1. Напишаното е вашиот став кон животот, емоциите и чувствата.

2. Откривате како се чувствувате во своето семејство.

3. Овој одговор го дефинира вашиот однос кон жените.

4. Овој одговор го дефинира вашиот однос кон мажите.

5. Тоа е вашата основна живота стратегија, начинот на кој што се справувате со проблемите.

6. Вашиот одговор се однесува на изборот на партнерот и сексуалниот живот.

7. Одговорот ја открива вашата подготвеност за брак, а кај оние што веќе се во брак – на вредноста на брачната заедница.

8. Тоа е вашиот однос кон смртта.