Почетна » Дива » Кариера » Осум најлоши работни навики според експертите за човечки ресурси

Осум најлоши работни навики според експертите за човечки ресурси

КариераОстанати

Магазинот „Космополитан“ објави сторија во која експерти за ХР анонимно ги кажале најлошите работни навики кои секој вработен посветен на кариерата треба ги знае и избегнува.

Никогаш не зборувајте за работата на Фејсбук. Има случаи кога вработениот кој очекувал унапредување, ја критикувал фирмата на својот личен профил на Фејсбук, и тоа стигнало до работодавачот или колегите. Во поново време вакви драматични ситуации со Фејсбук има се повеќе, и тоа не само меѓу помладите вработени.

Чувајте се од трик- прашања. Еден од ХР експертите секогаш ги прашува кандидатите да опишат ситуација на претходното работно место која тргнала на лошо. Кога тоа ќе се случи, треба да кажете дека сте извлекле поука од таквиот случај, а не каков хаос сте предизвикале на претходната работа.

Кога ќе добиете предупредување на работа, очекувајте отказ. ХР директорот на софтверска компанија открива дека обрврска на фирмите е да има барем едно вербално предупредување пред да му се даде отказ на вработениот. Значи, ако дојде до тоа, најпаметно е да си барате друго вработување, затоа што, за жал, работата е веќе готова.

contract

Не согласувајте се автоматски на првата понуда за плата. Според експертот за професионален развој, петмина од кандидатите кои ги интервјуирал побарале повисока плата и бонуси, а само една од нив била жена. А колку повеќе барале? 10 до 15 насто, зашто 25 насто веќе е премногу. Во случај да нема финансии на располагање, бидете креативни, барајте флексибилно работно време или подолг годишен одмор.

Се што правите и што не правите е важно. Луѓето треба да сфатат дека за да бидат успешни во својата работа не треба само да го исполнат она што се бара од нив. Важно е да се биде дел од екипата, да учестввуате во некој спорт со колегите и да одите на забавите организирани од работа. Тоа го забележуваат работодавците и ќе го имаат предвид кога ќе треба да добиете некој проект или унапредување.

Ако сакате да имате професионално резиме, дајте да ви го напише професионалец. Во Америка постојат агенции кои го работат тоа и наплаќаат 200-300 долари, но со нив обично раководат поранешни ХР или експерти за регрутирање, па знаат кои зборови треба да се употребат за работодавецот да го забележи вашето резиме. Бидејќи кај нас тоа не е случај, барем побарајте помош од некој поискусен или проверете какви решенија и примери се нудат на Интернет. Бидете сигурни дека трудот ќе ви се исплати и дека поважно е на интервјуто за работа да имате совршено резиме отколку скап нов костум.

Работодавачот не сака да знае многу работи за вас. Често се случува кога на интервју од кандидатот ќе биде побарано да каже нешто за себе, тоа да се претвори во 15 минутно излагање за тоа колку деца има, како се снаоѓа со домашните обврски и нешта за кои не треба да се зборува на едно интервју, а кои само можат да го одбијат наместо да го заинтересираат работодавачот.

zapalenstol

Запамтете, забавите на работа не се обични забави. Затоа бидете внимателни со алкохолот, да не почнете да се однесувате премногу опуштено и да кажете нешто што не треба. Почитувајте го правилото на максимум три пијачки, или помалку, ако не сакате да се засрамите пред колегите и надредените.