Почетна » Рецепти » Главни јадења » Ориз со кари, грашок и пилешко

Ориз со кари, грашок и пилешко

Главни јадења

Ако сакате да додадете нов рецепт во вашето неделно мени, сигурно ќе ви се допадне овој брз и вкусен ручек, особено за жешките летни денови, а сигурно ќе ви дојде како добро освежување од класичниот начин на подготовка на пилешко со ориз.

Состојки:

1 главица кромид

2 чешниња лук

2 големи лажици путер

4 мали лажички кари

300 грама ориз со долги зрна

600 мл зеленчукова или пилешка супа од коцка

150 грама замрзнат грашок

400 грама пилешко филе

2 големи лажици масло

4 големи лажици кисела павлака или јогурт

сол и бибер по вкус.

Излупете ги кромидот и лукот и ситно исечкајте ги. Во подлабок сад за готвење стопете го путерот, па на него издинстајте ги кромидот и лукот. Додадете 3 лажички кари и измешајте, па додајте го оризот и се заедно убаво измешајте. Прелијте го оризот со супата и варете го покриен на средна температура 15-тина минути. Потоа додајте го и грашокот и варете уште десетина минути, односно додека не биде сварен и оризот и грашокот.

Во меѓувреме, пилешкото исечкајте го на тенки ленти, посолете го и посипете го со бибер, додајте го уште едното лажиче кари и се убаво измешајте. Загрејте го маслото, па на него пропржете го пилешкото десетина минути, додека не се зацрвени убаво.

Пилешкото, заедно со киселата павлака или јогуртот додајте ги во оризот и сервирајте. По потреба додајте сол или бибер и можете да уживате во вкусниот оброк.