Почетна » Дива » Настани » Општествено одговорен проект „Сонуваме.Менуваме“ за децата со посебни потреби

Општествено одговорен проект „Сонуваме.Менуваме“ за децата со посебни потреби

Настани

Стопанска банка АД – Скопје со задоволство го најавува новиот општествено одговорен проект под називот „Сонуваме.Менуваме“ кој се реализираше на 04.12.2016 (недела) во МОБ со почеток од 11 часот. Настанот беше посветен на децата од Македонија со посебни потреби и помага во одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, попреченост и посебни потреби.

Овој проект е реализиран со деца од различни возрасти и со различни попречености, кои заедно со свои врсници и заедно со Калиопи и „5+ Фамилија“ настапија на сцената на МОБ за да ги претстават своите способности и креативен потенцијал. Стопанска банка во подготовките на настанот беше во интензивна комуникација и соработка со здруженијата на родители на деца со посебни потреби, за кои обезбедува и поддршка на долгорочни проекти. Банката за 250 деца од Македонија им организираше транспорт и оброци за да можат да го посетат и проследат настанот заедно со децата од Скопје.

Дополнително, Стопанска банка во рамки на #Сонуваме.Менуваме. изработи едукативни видео пораки кои ќе бидат споделени со училиштата ширум Републиката и ќе имаат за цел да ги поттикнат децата да развиваат емпатија и да им подадат рака на своите врсници а за сите деца посетители на настанот, Банката обезбеди пакет подароци.

– СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ. е проект кој е специјален не поради организаторите туку напротив, поради децата кои учествуваат во него и кои ни овозможија да го реализираме денешниот настан. Тоа се децата со посебни МОЖНОСТИ (како што родителите кажуваат), децата на кои им е потребна секоја дополнителна поддршка и децата без кои немаше да можеме да ја пренесеме пораката до пошироката заедница. СОНУВАМЕ.МЕНУВАМЕ. има за цел да ги нагласи предностите од различностите кои постојат во нашиот свет и на младите да им ги отвори видиците кон нив, но и начинот како да ги прифатат и заедно да создадат еднакви можности за сите. Со донациите кои Банката денес ги објави кон асоцијациите се надеваме дека децата покрај денешната забава ќе уживаат и во подобрени услови за едукација и надградба,- изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Голема благодарност до пријателите на настанот кои помогнаа во организацијата и реализацијата на настанот: ОхО, Публицис, Амбасадата на Обединетото кралство во Македонија, Сојузот Невродиверзитет и МОБ.

Преносот во живо од настанот беше достапен на YouTube каналот на Банката на следниот линк и сеуште е достапен за преглед. Бројните фотографии од настанот ќе бидат секако достапни и на Facebook страницата на Стопанска банка а ги очекуваме и посетителите со нивни фотографии да го збогатуваат албумот.

Комисијата за разгледување на пристигнатите барања за реализација на проекти во чијшто состав влегуваше и Калиопи како почесен член ги разгледа барањата и одлучи поддршка да додели за следните проекти:

Име на носител

Целна група

Времетраење

Краток опис

Буџет во ЕУР

Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола деца на возраст 5-17год кои завршуваат 9толетка во заводот и живеат таму интернатски n/a Смарт табла за полесно совладување на едукативните материјали со повеќе внимние, интерес и интеракција

2,500.00

Дневен центар за лица со церебрална парализа 44 деца на возраст од 4-18 години n/a Набавка на елеватор за децата во дневниот центар за користење на ВЦ

1,320.00

Ластовица – асоцијација за правата на деца и младинци со посебни потреби деца на возраст од 1 – 7 години 12 месеци Опремување на соодветно подготвена мултисензоријална средина, поточно сензорни материјали

2,150.00

Трисомија 21 – Здружение за помош и поддршка на лица со Даунов синдром лица на возраст од 4 до 35години 12 месеци Ангажирање на логопед и дефектолог за работа со членките на Трисомија 21 во период од 12 месеци 4 часа неделно дефектолог и 4 часа неделно логопед. Ангажман преку сојуз на дефектолози.

2,500.00

Посебна паралелка при ООУ Кузман Јосифовски – Питу, Скопје за ученици со оштетен слух Децата кои посетуваат настава во овие посебни паралелки n/a Набавка на дигитален логопедски сет Behringer за поттикнување и развој на правилна артикулација

3,600.00

Здружение на граѓани „Види ме“   n/a Проект за описменување со Брајово писмо

1,400.00

НВО „Имаго плус“ 45 деца со различни пречки во развојот 12 месеци Обезбедување на услови за работа на деца со посебни потреби на свој мајчин јазик (македонски, албански, турски) во текот на 2017та година

1,600.00

      ВКУПНО ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ВО ЕУР

15,070.00

 

stopanska banka 002