Почетна » Џет сет » Ѕвезди » Опра Винфри направи хаос на берзата и заработи 12 милиони долари

Опра Винфри направи хаос на берзата и заработи 12 милиони долари

ЅвездиИнтернет

Легендарната ТВ водителка Опра Винфри е една од најбогатите жени во медиумскиот бизнис, но успева и натаму да заработува фантастични суми на пари благодарение на својата неминлива популарност.

Во текот на нејзината кариера која се протега повеќе децении таа го има експонирано својот личен проблем со дебелината, а притоа како во реално шоу и отворено да зборува на таа тема. Овој пат, таа преку својот профил на Интернет мрежата „Твитер“ поддржа една компанија со своја програма за слабеење, во која таа има шест милиони акции и е најголем поединечен акции.

Откако таа ја споделила својата изјава преку кус видео клип во кој објаснува дека успеала да симне повеќе од 11 килограми, притоа без да се откажува од јадењето леб кое многу го сака, на берзата вредноста на акциите пораснала по 2 долара за акција и се уште расте. Автоматски, тоа значи дека влогот на Опра во оваа компанија сега вреди најмалку 12 милиони долари повеќе, доколку се одлучи да ги продаде акциите.