Почетна » Семејство » Миленичиња » Нутритивна „интелигенција“ на мачките

Нутритивна „интелигенција“ на мачките

Миленичиња

Време е да се соочиме со вистината: сите ние се чувствуваме „отфрлено“ кога домашното маче ќе го одбие залакот што му го нудиме, но научниците докажаа дека треба да им веруваме на овие интелигентни суштества.

Студијата објавена во „Журнал на компаративната психологија Б“ сугерира дека домашните мачки ја регулираат својата исхрана преку селекција на храната и покрај различната макронутриционистичка содржина, влага или текстура. Во три посебни експерименти, мачките добивале различна понуда за храна и тоа: (1) 1 парче влажна храна и 3 парчиња сува храна, (2) едно парче сува храна и 3 парчиња влажна храна и (3) три парчиња сува и три парчиња влажна храна. Во една фаза на експериментот целата храна била давана одеднаш, додека во друга фаза биле нудени различни комбинации на храна од едно суво и едно влажно парче, во тек на три различни дена.

Резултатите покажале деа во различните циклуси и во различните комбинации на храната, мачките биле во состојба да го балансираат внесот на протеини, масти и јагленохидрати и да имаат конзистентна исхрана. Благодарение на тоа, истражувачите биле во можност да ја определат и „добитната комбинација“ што е објавена во „Журнал на експериментална биологија“. Имено, 52% од дневниот внес на калории бил од протеинско потекло, 36% од масти, а само 12% од јаглени хидрати. Инцидентно, ова соодетствува со исхраната на дивите мачки, што е показател дека истиот нутритивен сооднос важи и за питомите. Во студијата е нотирано дека во најголем број случаи мачките избегнувале храна со висока концентрација на јаглени хидрати која била сува (леб), за разлика од сите останати.

– Ова истражување има важни импликации за сопствениците, бидејќи покажува дека мачките се способни да ја комбинират сувата и влажната храна за да ја постигнат комбинацијата на протеини, масти и јагленихидрати. Во смисла на производите кои моментално се нудат на пазарот, влажната храна вообичаено има поголема застапеност на протеини и масти, додека сувата храна е побогата со јаглени хидрати. Овозможувајќи им ја комбинацијата на сува и влажна храна, тие се во состојба да ја мешаат согласно своите нутриционистички преференции, но исто така ја покажува и нивната желба да пробаат различни нешта,- изјавува авторот на студијата Адријан Хјусон Хјуџис, научник во ВАЛТАМ центарот за нутритивна исхрана на миленичињата.