Почетна » Дива » Актуелно » Новогодишен „скандал“ на Балашевиќ: „Е, сега ќе видите!“

Новогодишен „скандал“ на Балашевиќ: „Е, сега ќе видите!“

Актуелно

Легендарниот „панонски морнар“, Ѓорѓе Балашевиќ, за време на Божикните празници имаше концерти во Хрватска, каде што со своите хитови ги стопли срцата на обожавателите.

Неговата песна „Неки нови клинци“ овој пат ќе остане запаметена по „скандалот“ што го предизвика, или како што самиот изведувач се изрази: публиката го гаѓала со зајачиња преку 20 години кога го пее стихот дека за подарок добил „пар мандарина и малог белог зеца“.

Веднаш по првиот „проектил“ од публиката, Балашевиќ го прекина концертот и се „закани“: Е сега ќе видите!

Следеше канонада од зајачки проектили во обратна насока, момент кој го освои Интернетот на просторот на поранешна Југославија, а вирaлното видео можете да го погледнете подолу.