Почетна » Дива » Актуелно » Новата филхармонија се извиши од водите на Елба

Новата филхармонија се извиши од водите на Елба

Актуелно

Чудесната конструкција од 18 ката од стакло која се градеше речиси 10 години и на неа беа потрошени речиси 800 милиони евра утре конечно ги отвора вратите за посетителите. Сместена малку подалеку од центарот на Хамбург, на врвот од полуостровот каде што градот се спојува со пристаништето, а токму на тоа место во 1960-тите се наоѓал магацинот за какао кој архитектите – дизајнери Жак Херцог и Пјер Де Мурон го искористиле како подиум за чудесното здание. Херцог и Де Мурон се познати по адаптирање на стари градби, како што неодамна направија и во Лондон, со галеријата „Тејт“.

11CONCERTHALL3-master675

Влезот води покрај декоративен дигитален ѕид, па во долго возење со лифтот низ тунел со огледални дискови. Посетителите се симнуваат на широка тераса, која нуди прекрасен поглед на хамбуршкото пристаниште. Друг лифт води до надворешна тераса, со поглед од едната страна кон доковите, а од другата кон врвовите на црквите во центарот на Хамбург.

11CONCERTHALLJP-master675

Во аудиториумот за 2100 гледачи, архитектите ги наместиле седиштата стрмно, околу оркестарот, со што создаваат необична близина до сцената. Поранешниот главен диригент на Германскиот филхармониски оркестар, Кристоф фон Донањи му рекол на главниот архитект дека сака да го почувствува здивот на публиката на својот врат. Акустичен чадор во облик на земјена тава лебди над оркестарот под таванот во облик на шатор. Звукот го модерираат 10.000 дигитално обработени акустични ѕидни панели со различна дебелина и текстура.

Филхармонијата со местото кое и е дадено, буквално и фигуративно како да има за цел да ја извиши улогата на музиката и културата до нешто свето, во град чие што постоење досега отсекогаш било поврзано со трговијата.