Почетна » Сештоманија » Интернет » Нилсен: Дури 32% луѓе одат со Фејсбук во тоалет

Нилсен: Дури 32% луѓе одат со Фејсбук во тоалет

Интернет

Глобалната агенција за мерење на медиуми, Нилсен Холдингс, ги објави своите наоѓања од анкетата за социјалените мрежи, согласно анкетата што била спроведена од 19 јули до 8 август.

Во неа учествувале околу две илјади испитаници од САД со возраст над 18 години, кои се идентификувани како корисници на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер, Пинтерфест итн. На ова претходела уште една глобална анкета за користење на социјални мрежи, во која биле опфатени повеќе од 28.000 испитаници од 56 земји во светот, од сите континенти, спроведена од 10 февруари до 27 февруари 2012 година. Се вкупно, нивните резултати се прокламирани со максимална можност за грешка од 0,6%

Првенствено забележливо е дека користењето на Интернетот за поврзување на социјалните мрежи рапидно расте преку мобилните уреди како телефони и таблети, а опаѓа преку стандардните компјутери. Оттука, не треба да зачуди дека 32% од популацијата на возраст од 18 до 24 години, одговориле дека одат во тоалет заедно со уредот преку кој се конектирани на социјалните мрежи. Кај следната старосна генерација, од 25 до 34 години, 51% од испитаниците ги користат социјалните мрежи на своите работни места.

Кај социјалните мрежи, најголем напредок во однос на 2011 година има Пинтерфест (1.047%), додека во борбата на титаните, Твитер расте за 13%, а Фејсбук иако паѓа за 4%, се уште има околу четири пати поголема посетеност. Женскиот пол предничи во користењето на социјалните мрежи според параметарот за поминатото време пред компјутер или на мобилен уред, додека според старосните граници постои голема изедначеност меѓу групите на корисници од 18-24 и 25-34 години.

Најголем пораст во користењето на Интернетот има на таканаречените „мобилни апликации“, дури 120%, додека во однос на 2011 година, сурфањето преку мобилен е зголемени за 22%. Во просек, времето поминато на Интернет е зголемено за 21% во однос на лани. Интересно е запазувањето дека кај оние што користат деск-то или лап-топ компјутер, дури 17% од времето се троши на Фејсбук, додека корисниците на Твитер во просек од 26% до 33% коментираат за нешта што ги гледаат на телевизија.