Почетна » Нега » Здравје » Никој не е толку стар за да не може да живее уште една година

Никој не е толку стар за да не може да живее уште една година

Здравје

Научниците се согласуваат со оваа изрека на Цицерон, затоа што според резултатите од најновите истражувања, мажите живеат 11, а жените 12 години подолго во споредба со периодот пред 40 години, но тоа не значи и дека здравствените проблеми се намалиле. Во обемен меѓународен истражувачки проект, кој траел 5 години и во кој учествувале 500 лица, создадена е детална и амбициозна база на податоци за здравјето во светот. Тој покажува драматични промени од 1970 година, со голем пад во смрноста од заразни болести и неухранетост, а уште поголем пораст на преживување кај малите деца.

Најголем дел од смрните случаи во светот сега се предизвикани од срцеви заболувања и удари, од кои умреле околу 12,9 милиони луѓе во 2010 година, што претставува четвртина од починатите во целост.

Високиот крвен притисок е најголем фактор на ризик денес, и е одговорен за 9,4 милиони смртни случаи и 7% онеспособеност, а на второ место е пушењето, кое предизвикало 6,3 милиони фатални завршетоци. Алкохолот е трет, и е одговорен за пет милиони умирања.

Физичката неактивност и лошата исхрана – посебно кај високото ниво на натриум или сол и ниското ниво на конзумирање овошје – е одговорна за 12,5 милиони смртни случаи.

Од друга страна, иако е продолжен животниот век, тоа не значи дека уживаме во повеќе години здравје. Во двете декади до 2010 година, животниот век на мажите се зголемил за 4,7, а кај жените за 5,1 година, но годините на добро здравје се зголемиле само 3,9 кај едните, односно 4 години кај другите. Најголемите здравствени проблеми со кои се соочуваме стареејќи се менталните болести, анксиозноста, болките во мускулите и коските и губењето на видот и слухот.

Според ова истражување, жените во Јапонија, Сингапур, Јужна Кореа и Шпанија можат да очекуваат здрав живот дури и после 70-тата година. Во ниедна земја мажите не можат да се пофалат со истата бројка, а само во Афганистан, Јордан и Мали имаат подолг здрав живот од жените. Јапонските жени, исто така имаат и најдол животен век воопшто, со просечен век од 86 години, додека најдолговечните мажи живеат во Исланд, во просек 80 години.