Почетна » Семејство » Во брак » Неверството може да ви го спаси бракот?!

Неверството може да ви го спаси бракот?!

Во брак

За повеќето од нас, неверството е знак дека нешто во бракот не е како што треба. Но, според најновото истражување, една од три жени одговорила дека таквото неверство го одржува нејзиниот брак.

Од сите тие кои изневеруваат, 73 % одговориле дека го прават тоа бидејќи се чувтвувале запоставен од страна на партнерот. Жените кои одговориле дека изневеруваат, образложиле дека го прават тоа бидејќи им биле запоставени нивните емоционални потреби – фактор кој игра важна улога во одлуката да се побара друга личност.

„Ова не е никакво изненадување“, изјавил Ноел Бидерман, основач на страна за онлај состанување. „Поради недоволно внимание и наклонетост многу жени се чувствуваат мизерно и осамено во бракот“.

„Реалноста е дека многу од нив не можат да ги остават партнерите поради финансиите, а жените се тие кои најчесто се жртвуваат за семејството. Кога ги задоволуваат нивните потреби надвор од бракот, тие навлегуваат во машката страна на неверство.“

Експертот за врски, Трејси Кокс вели: „Понекогаш неверството може да биде еден вид на освестување за тоа колку им е важен партнерот и како би било ако го изгубат. Но, во повеќето случаи, неверствата ги уништуваат браковите. Никогаш не би предложила неверство како начин за подобрување на бракот, бидејќи најчесто тие ја кршат довербата, а по тоа не може да се обнови. Најдобар начин да се решат проблемите во врската е со соочување со нив пред да се падне во искушение“.

Од испитаните, 67 % од жените кои изневериле изјавиле дека причината била затоа што не биле задоволни од сексуалниот однос со партнерот. Сепак, од нив 32% одговориле дека неверството им помогнало во разгорување на страста со нивниот сопруг.

„Мажите најчесто го достигнуваат врвот на сексуалноста во нивните дваесетти, а за жените тоа се случува подоцна, во нивните триесетти или четириесетти години кога се чувствуваат попријатно во нивната кожа“, додава Бидерман.