Почетна » Семејство » Во брак » Необични барања во предбрачните договори

Необични барања во предбрачните договори

Во брак

Трендот за предбрачни договори, за тоа што смее и што не смее да прави партнерот, има се поголем број приврзаници.

Парови кои се или не се во брак на големо потпишуваат договори во кои се наведува што очекуваат од врската. Трендот на необични „љубовни договори“ е популарен во САД и Велика Британија, а клаузулата за стилот на живот може да се состои од тоа колку често ќе имаат сексуален однос, како ќе го поминуваат слободното време и слично.

Иако просечните луѓе се грижат за губењето на спонтаноста со таквиот договор, следбениците сметаат дека тоа носи одредени бенефиции во заедничкиот живот.

„Најдобриот начин е да составите договор и да се држите до него неколку недели. Секој член во договорот треба да биде донесен со заедничка согласност, а компромисот е неопходен за двете страни да бидат задоволни“, објаснува брачниот советник Грејси Ландерс.

Еве неколку бизарни барања во предбрачите договори:

Жената не смее да свири на клавир кога партнерот е дома.

Жената не смее да носи облека во зелена боја.

Ако жената се здебели повеќе од 77 кг, сопругот добива 100 илјади долари.

Жената не смее да има кратка фризура.

Ако тој ја изневери, треба на партнерката да ѝ плати бонус од 5 милиони долари.

Ако жената има до 60 кг, сопругот и гарантира секс два пати неделно.