Почетна » Нега » Лице и тело » Нега на возрасна кожа со медицинска козметика

Нега на возрасна кожа со медицинска козметика

Лице и тело

Природно е да сакаме да изгледаме убаво. Секој од нас посакува младоста и убавината вечно да траат. Но за жал, после 30-тата година од животот нормално е човековото тело да почне да го губи чекорот со времето, бидејќи регенеративните механизми веќе не се доволно моќни да го обноват загубеното во целост. На нашето тело, полека но сигурно, почнуваат да се појавуваат знаците кои се доказ за изминатото време.

И кожата трпи. На неа најлесно можеме да ги видиме трагите од изминатото време. Првите знаци на стареење на кожата се брчките. На почетокот се толку дискретни и површински, што само хидратација и евентуална подхранувачка витаминска нега со коензимот Q10 ќе бидат сосема доволни за нега. Продлабочувањето на брчките настанува по 30- 35тата година и е резултат на нецелосно обновување на хијалуронската киселина во кожата. Затоа во периодот што следи, потребни се производи за нега со кои ќе ѝ го додадеме на кожата она што ѝ недостасува, со цел да ги намалиме брчките и колку што е можно повеќе да го одложиме нивното појавување. Производите од Hyaluron-Filler линијата на Еуцерин се специјално создадени за да ги задоволат потребите на кожата на оваа возраст.

Веќе после 40-45тата година на кожата покрај брчките, почнуваат да се јавуваат и други знаци на стареење. Кожата почнува да ги губи тонусот, еластичноста и волуменот и постепено почнува да се опушта. Тоа е време кога потребите од нега на кожата се зголемуваат и хијалуронската киселина веќе не е доволна. Потребни се активни состојки кои ќе ја стимулираат кожата на поголема синтеза на колаген и еластин, со што ќе го вратиме изгубениот волумен и тонус. Соодветните активни супстанции за нега на кожата на оваа возраст се составен дел од производите на Volume-Filler линијата.

После 50-55тата година, освен постепеното истенчување на кожата заради намалената количина на еластин, колаген, масно ткиво и др.градбени состојки, доаѓа и до видно намалување на активноста на лојните жлезди, намалување на имунитетот и отпорноста кон УВ-те зраци, нарушување на микроциркулацијата на кожата. Резултат на тоа е посува и помалку еластична кожа на која брчките се сѐ подлабоки и која постепено го губи и природниот здрав сјај. Кај дел од луѓето како последица на претходно наведените промени на кожата, се јавува и видливо црвенило во предел на лицето. Потребите од негата на оваа кожа секако се најголеми. Производите од новата линија на Еуцерин – Elasticity+Filler се адаптирани за соодветна нега за кожа на оваа возраст. Со оваа нега ќе делуваме на враќањето на сјајот и убавиот тен на кожата, на еластичноста и тонусот на кожата и намалувањето на брчките.

За подобар ефект на дневната и ноќната нега, Hyaluron-Filler и Volume-Filler линиите се дополнети со соодветни серум-концентрати за нега на кожата, а новата Elasticity+Filler линија е дополнета со уникатна комбинација на активни состојки во форма на масло за нега на лице, врат и деколте.

Убавината на соодветната нега за кожата е во тоа што активните состојки во производите ѝ го даваат на кожата токму она што ѝ недостасува и со тоа ги отстрануваат знаците на стареење или пак значајно го успоруваат времето на нивното појавување.

Да не го заборавиме и чистењето на кожата. Чистата кожа слободно дише и во целост ги прима активните состојки од дневната и ноќната нега. Отстранувањето на нечистотиите е отстранување и на дополнителните фактори кои можат да ја иритираат кожата. Во однос на прашањето дали производите за нега на кожа се наменети само за жени, одговорот е дека производите може да ги користат и мажи и жени. Изборот ќе зависи од возраста и типот на кожата.

Користете медицинска козметика и чувствувајте се убаво во својата кожа.