Почетна » Семејство » Во брак » Не лажете го сопругот вака!

Не лажете го сопругот вака!

Во брак

Сте се запрашале како тие мали лаги можат да го повредат вашиот сопруг или да повлечат друга поголема лага, па така на лажењето да му нема крај? Можеби веќе сте се нашле во непријатна ситуација поради тоа.

Па за да ги избегнете непријатностите, еве како не треба да го лажете сопругот.

Некои жени им кажуваат за проблемите во бракот на своите пријателки иако знаат дека сопругот би се налутил доколку дознае за тоа. Да се жалите за неуредноста на сопругот е едно, но ако постојано барате совет од пријателките за поважни работи, треба да знаете дека тие не се вистинските личности за тој разговор.

Ако сопругот ви кажал дека не му се допаѓа како се однесувате кога малку ќе се поднапиете тоа не значи дека ако излажете колку сте испиле со вечерата тој нема да ја знае вистината. Проблемот ќе стане поголем кога ќе почнете да измислувате приказни само да пивнете малку.

Кога сте на работа, најдобро ви оди разговорот со колегата но сопругот тоа не може да го разбере. Доколку излажете дека не сте се дружеле со колегата надвор од работното место, а сопругот знае дека е така, работите дополнително ќе се искомплицираат. Внимавајте да не го загрозите бракот со ваква непотребна лага и да ја загубите довербата на сопругот.

По свадбеното патување откако ќе ја поминете фазата кога ништо што ќе направи партнерот не ви пречи, наоружајте се со искрени зборови и кажете што всушност мислите. Не дозволувајте да поминат години пред да имате храброст на пример да му кажете на сопругот дека страшно ви пречи кога ќе ги стави нозете на масичката за кафе.