Почетна » Нега » Фитнес » Направете сами сок за закрепнување по вежбање

Направете сами сок за закрепнување по вежбање

Фитнес

Ако имате дневна рутина или барем неколку часа неделно кои ги посветувате на вежбање, еве еден одличен рецепт какo сами да приготвите пијалак за закрепнување после вежбањето. Слаткиот компир го има во поголемите супермаркети, тој е поголем од обичниот компир и има портокалова боја, а е богат со калиум кој ќе направи рамнотежа и ќе ги надомести електролитите кои сте ги изгубиле при вежбањето.

Состојки:

250 грама излупен и исечкан сладок компир

120 грама излупен портокал

80 грама излупен морков (2 мали моркови)

Ставете ги состојките во електричен соковник и направете сок. Најдобро е да го испиете свеж или во рок од 24 часа. Ќе бидете воодушевени од овој кремаст здрав пијалак.