Почетна » Семејство » Свадба » Десет најчудни свадбени обичаи од целиот свет

Десет најчудни свадбени обичаи од целиот свет

Свадба

Кога знаеме колку само различни и интересни свадбени обичаи има кај нас, не можеме ни да претпоставиме што ли има низ светот. Еве ги десетте најчудни традиции на нашата планета, од Фиџи до Шкотска.

На Фиџи, мажите мораат да најдат заб од кит и да му го поклонат на таткото на девојката кога ќе ја бараат за жена.

Во Мавританија, крупната жена е знак за добра среќа и просперитет во бракот. За жал, жените таму честопати ги тераат сосила да се здебелат за нивната свадба, што понекогаш создава и здравствени проблеми.

Кај народот Туџиа во Кина, секоја идна невеста треба да плаче по еден час секој ден, цел месец пред свадбата. Дури и жените во нејзиното семејство се охрабруваат да плачат со неа.

Во Даур, Кина, свршените двојки треба секцираат кокошка и да видат дали црниот дроб и е здрав. Акое здрав, можат да закажат свадба, ако не, мораат да најдат кокошка со здрав џигер.

Во Порто Рико, на чело на невестинската маса се става кукла облечена како невеста и околу неа се ставаат различни амајлии и подарочиња. На крајот од приемот, овие работи им се разделуваат на гостите, во знак на благодарност.

Арапските, африканските и индиските жени се тетовираат со к`на пред свадбата. Тетоважите ја симболизираат елеганцијата  и убавината на невестата.

Во некои делови од Индија, пак, девојките родени во одреден астролошки период се проколнати и се верува дека можат да предизвикаат смрт на својот сопруг. Единствен начин да се ослободат од клетвата е прво да се омажат за дрво, а потоа тоа дрво да се исече.

Во Ерменија, немажените девојки јадат парче од традиционалниот солен леб за да го сонуваат момчето со кое ќе се омажат. Тој што ќе им донесе вода во сонот ќе биде нивниот избраник.

Во Јужна Кореја, има обичај зетот да го удираат со стап по стапалата, и тоа треба да ја покаже неговата сила. Или можеби е обид на неговите другари да го спречат да отиде до олтарот.

Во Шкотска, постои традиција пред свадбата невестата и зетот да за валкаат со секакво ѓубре од храна, од расипани јајца до риба. Шкотите веруваат дека ако двојката може да го издржи ова, тогаш може да издржи се.