Почетна » Џет сет » Ројал » Најмладиот крал на светот ќе стане татко

Најмладиот крал на светот ќе стане татко

Ројал

Кралот Јигме Кесар Намгел Вангчук (1980) и неговата избраничка Јетсун Пема (1990) го очекуваат своето прво дете, кое ќе се роди за петгодишнината од нивниот брак.

Предводниците на малото кралство во медиумите се наречени уште „Вилијам и Кејт од Хималаите“. Кралот Кесар е најстар син на Сингје Вангчук и неговата трета жена Черинг Јангдон (од четирите сестри кои ги оженил во полигамна церемонија), а се наоѓа на чело на државата од 2006 година кога неговиот татко абдицирал во корист на 26-годишниот син. По крунисувањето, тој ја најави женидбата со сопругата Јетсун Пема приотворањето на седницата на парламентот во 2011 година.

– Многумина имаат своја идеја како треба да личи идната Кралица – таа треба да биде со посебна убавина, интелигентна и грациозна. Мислам дека со тек на времето и искуството, човек може да се изгради како динамична личност во се она каде што животот те носи, со соодветен напор. За Кралицата, најважно во секое време е да биде добар човек бидејќи ќе мора да биде непоколеблива во својата посветеност да им служи на луѓето и на земјата. Како моја Кралица, јас ја пронајдов таа личност и нејзиното име е Јетсун Пема. Таа е млада, но е љубезна и има добро срце и карактер. Тие квалитети заедно со мудроста која доаѓа со годините, ќе созреат и ќе ја направат одличен службеник за нацијата,- рече во тогашниот говор Кралот Кесар.

Веста беше соопштена преку „Твитер“ профилот на локалниот весник „Куенсел“, како дел од прославата на 60-годишниот роденден на абдицираниот крал.

На листата на најмлади владетели покрај Кралот на Бутан се и Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани од Катар и Кралот Фелипе Шести од Шпанија, кои станале родители пред да бидат инаугурирани на денешните функции.