Почетна » Марс » Од негов агол » Најголемите причини против брак (втор дел)

Најголемите причини против брак (втор дел)

Од негов агол

Втор дел од текстот за најголемите машки причини против влегување во брачна заецница. Во овој дел се поместени објаснувањата за причините кога „тој“ е свесен за позицијата, но сепак неговата глава размислува поинаку од срцето.

2. Не сакаат да бидат први во друштвото што ќе потпишат капитулација

Секогаш некој во друштвото прв ќе „рипне во тавче“, поради ваква или онаква причина, а машкиот дел вообичаено најмногу трга сеир кон младоженецот. Доколку не сте забележале, обратно, кога некој ќе објави дека стапува во брак, најмногу ги зезаат оние што претходно „го јаделе“ на ист начин. Ако во друштвото буквално никој не го скршил мразот, наше мислење е дека најмногу ќе си помогнете ако охрабрите некоја друга двојка од вашата непосредна близина.

3. Големината не е важна, финансиите – да!

За да размислувате за брак, тоа значи дека и двајцата сте задоволни од развојот на вашата врска, од емоциите, но и од сексот. Соништата и реалноста се две различни работи, па секогаш стремете се кон „најдобриот пакет“, оној кој што обединува најмногу добри нешта во себе. За мажите, тоа е најдобрата опција, бидејќи сакаат да имаат покрај себе вистински другар, а спротивно од тоа, најмногу стравуваат од финансиите. Наоѓањето на сигурно вработување или решавањето на станбеното прашање за него се битни фактори кои сака да ги реши пред бракот.

За многумина, тоа е своевидна „ментална самозаштита“ од евентуален финансиски ризик што го носи разводот, но од друга страна и желба за доминантна позиција. Тоа воопшто не е лоша особина, за разлика од калкуланството со евентуалниот „мираз“, но средината е таква каква што ни е, па најумен совет што можеме да го дадеме е да не го експонирате својот „скап вкус“ или да не мечтаете гласно за тешко остварливи нешта.