Почетна » Марс » Од негов агол » Најголемите причини против брак (трет дел)

Најголемите причини против брак (трет дел)

Од негов агол

Трето продолжение од текстот за најголемите машки причини против влегување во брачна заедница. Во овој дел од текстот се поместени причините поради кои „тој“ се уште не е доволно созреан за таков чекор.

4. Не се подготвени да имаат деца

Звучи како фраза, но вистина е! Мажите лесно го признаваат тоа, дури можеби и претеруваат со тоа оправдание, а сето тоа се должи на еден единствен факт: тие и самите се деца во душата. Биолошкиот часовник нема силен аларм во машкото тело, се им е игра, понекогаш дури и она што им се случува на работното место. Мошне посензибилни по ова прашање се оние кои имале тешко детство, можеби без еден од родителите, или пак оние кои морале да се грижат за помалите браќа или сестри. Ако сакате да дознаете каков е неговиот став по прашање на децата, доволно е да го прашате за неговото детство и за искуствата и другарувањата од раната младост, со сигурност ќе знаете дали е „зрел“ или едноставно, „детето во него“ никогаш нема да порасне.
5. Одговорноста е две букви покус збор

Лумпувањето по кафеани, вртењето табла или карти со другарите, па дури и „гејмањето“ во поново време, се дел од описите за машката забава. Нечии хобија се подруштвени, додека некој повеќе сака да си посвети внимание во фитнес клуб или на велосипедска патека. Тоа е неговиот излез од реалноста, релаксацијата кога може да не мисли на ништо друго и да уживаат во тоа. Тешко вам ако се обидете да го смените: или ќе му го скршите срцето или ќе го натерате да глуми. Прифаќањето на фактот дека машките знаат да заборават да ви се јават или дека не се толку одговорни како кога сакаат да ве шармираат, едноставно е нужно зло кога станува збор за брак во најава.

Стравот дека ќе го загубат тоа може да ги оддалечи од вас, па затоа мора да балансирате, понекогаш да се вклучите во играта, а понекогаш да го поттикнете да размислува за други приоритети во животот. Машките со добро родителско воспитување веднаш отскокнуваат по овој параметар, што ќе можете да го забележите по некои детали како справувањето со нечистите алишта, суредувањето на собата или почитта кон постарите. Доколку не е совршен, нема простор за паника, прифатете го таков каков што е, повеќе има шанса да се промени ако не му се допаѓа тоа што и вие се однесувате исто како него, отколку да го научите дека „ќе го покривате“ во лудостите.