Почетна » Марс » Од негов агол » Најголемите причини против брак (прв дел)

Најголемите причини против брак (прв дел)

Од негов агол

Сосема е погрешно да се мисли дека мажите не сакаат брак, а зачестените примери на „филмски“ запросувања преку телевизија, на аеродром или на плоштад, укажуваат дека и во Македонија постојат романтични припадници на машкиот пол.

Но, останува митот дека тие се тешки на носење одлука, бидејќи едноставно не уживаат во мечтаењето за бракот и децата колку и девојките. Современиот начин на слободен живот дополнително им ја олеснува ситуацијата, што може да биде кошмар за младите дами покрај нив. Еве ги петте причини кои момците сами ги кажуваат во своја одбрана, но не постои универзален лек со кој тие би биле безболно надминати.

1. Можат да имаат секс со девојките без забрана од нивните семејства

Стегите од минатото попуштаат, па за истакнување на чаршавот после првата брачна ноќ останати се само легендите. Некои двојки и живеат заедно, па буквално машките се во ситуација каде што ги уживаат благодетите на врската, без потреба да бидат сериозни партнери во неа. Наше мислење: само стравот дека може да ве загуби во ваква ситуација би можело да го натера да преземе похрабри чекори!

(продолжува)