Почетна » Семејство » Бременост » Најдобри години да останете бремени

Најдобри години да останете бремени

Бременост

Ако имате околу дваесетина или триесетина години и не знаете која возраст е најдобра за да останете бремени, научниците нудат повеќе одговори.

Одговорот на научниците, според некои исражувања всушност зависи од тоа кои години вие ги сметате за најдобри. Некои истражувања тврдат дека најдобри години се доцните тинејџерски или раните дваесетти. Според научниците, тогаш јајце клетките се најсвежи, а репродуктивниот систем е во најдобра форма.

Но биолошки најдобрата возраст најчесто не се поклопува со самата подготвеност на девојката да стане мајка. Доколку сепак првата бременост е во тие години, девојката ја следат и одредени потешкотии, бидејќи во тие години најчесто бременоста не е во брак, а со тоа доѓаат и потешкотиите со образованието.

Најдобра возраст за да раѓање на првото дете е возраста во која жената се чувствува подготвена да роди здраво дете. Според едно калифорниско истражување, најдобрата возраст за раѓање на дете без никакви здравствени компликации е 26 години. Но според друго истражување, кое ги споредувало податоците на здрави родени деца и одредени компликации во бременоста, најдобри години за раѓање на првото дете се 31. Доколку се одредуваат најдобрите години за раѓање според наметнатите општествени правила, тогаш се доаѓа до бројот 34.

Сепак, за жените кои сакаат да родат повеќе од едно дете, се препорачува првото дете да го родат пред 35 години, со цел да се избегнат високиот систолички притисок и зголеменото ниво на глукоза во крвта кои можат да се појават во подоцнежна бременост.