Почетна » Семејство » Бременост » Најчести знаци дека сте бремени

Најчести знаци дека сте бремени

Бременост

Прерано е да направите тест, но се прашувате дали сте бремени? Телото ќе ви одговори на тоа прашање, треба само да го сослушате.

Како да знаете да ги прочитате знаците на вашето тело без погрешно да ги протолкувате. Еве ги најчестите знаци за рана бременост.

Лесно заморување е најчестиот показател на рана бременост. Ако постои можност да сте бремени не претерувајте со кофеинот и обидете се да бидете што повеќе одморени.

Доколку на секое отварање на фрижидерот ви се лоши тоа е еден од симптомите. Одбивност кон некои видови на храна која претходно ви била омилена е еден од знаците на рана бременост.

Ако сте осетливи на разни мириси може да значи дека сте бремени. Мириси кои ви биле непријатни како на пример миризбата на цигари или пријатни како на пример парфемот на партнерот би ви пречеле бидејќи сте премногу осетливи.

Гадењето и повраќање се едни од најсигурните укажувачи на рана бременост.  Тоа се случува поради зголемувањето на нивото на хормони. Бремените жени треба да знаат дека ваквата состојба се јавува во првото тромесечје и најчесто престанува по деветнаесет недели од бременоста. Еден начин да се намали утринската мачнина е да не се остава желудникот празен. Се препорачуваат помали оброци во почести интервали.