Почетна » Сештоманија » Телоговор » На жените им треба повеќе сон отколку на мажите

На жените им треба повеќе сон отколку на мажите

Телоговор

Центарот за истражување на спиењето на Универзитетот Логбороу во Велика Британија вели дека треба да ја оставите сопругата да спие подолго од вас, а не обратно. Во истражувањето спроведено на 210 средновечни мажи и жени, утврдено е дека жените имаат поголеми здравствени проблеми од предизвикани од недостатокот на добар сон отколку мажите.

„Откривме поврзаност на жените кои помалку спијат со високи нивоа на психолошкa вознемиреност и чувство на непријателство, депресија и гнев. Спротивно на тоа, ваквите чувства не биле поврзани со истиот степен на спиење кај мажите,“ вели професорот Џим Хорн, директор на центарот. Според него, главната функцина на сонот е да му се даде шанса на мозокот да закрепне и да се исцели себеси. „Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе време му треба да закрепне, и следствено на тоа, и повеќе сон. Бидејќи жените прават повеќе работи одеднаш, користат поголем дел од својот мозок отколку мажите. Затоа и потребата за сон им е поголема,“ потврдува професорот Хорн.

Но зошто на жените им треба повеќе спиење отклку на мажите? Одговорот на професорот е следен: „Ова е затоа што мозокот на жената функционира поинаку отколку машкиот мозок и е посложен, значи нивната потреба за сон е малку поголема. Во просек, тоа значи 20 минути повеќе спиење, но на некои жени им треба малку повеќе или помалку од тоа.“

Ете зошто вашата посилна половина треба да ве послуша следен пат кога ќе речете, „Остави ме да дремнам уште 15 минути“ 🙂