Почетна » Рецепти » Главни јадења » Мусака со шунка и моцарела (видео)

Мусака со шунка и моцарела (видео)

Главни јадења

Една поинаква мусака, која ќе сакате да ја јадете за појадок, ручек и вечера, а на вашите кулинарски способности ќе се восхитуваат и домашните и гостите.

Состојки:

300 грама компири
1 лажичка сол
1 лажичка бибер
200 грама шунка
200 грама моцарела
2 лажици свеж магданос
200 грама кедар (чаден кашкавал)
300 грама павлака за готвење
2 јајца

Компирите се лупат и се сечат тенко како за мусака, па се зачинуваат со сол и бибер. Во подмачкана тава се редат ред компири, па врз нив половина од изренданата шунка, па половина од моцарелата исечена на тенки парчиња. Потоа пак компири, останатата шунка и останатата моцарела и на крај се завршува со компири. Врз последниот слој се става ренданиот чаден кашкавал.
Настрана се мати павлака за готвење со две јајца и се прелива преку изренданиот кашкавал.
Оваа мусака со шунка и моцарела се пече во загреана рерна на 190 степени, прво 45 минути покриена со фолија, потоа 15 минути откриена. Уживајте во вкусниот и ароматичен оброк.