Почетна » Љубов » Романтика и врски » Момче за сериозна врска

Момче за сериозна врска

Романтика и врски

Сите знаеме како е кога си заљубен – гласот ви се менува кога ќе се јави саканиот, чувствувате „пеперутки“ во стомакот кога ќе ви се приближи, ви проаѓаат слатки морници кога ќе ве допре.

Физичката привлечност, за жал, не е доволна за да бидете засекогаш заедно. Има неколку особини кои е убаво да ги поседува вашиот партнер ако сакате „да скокнете во тавче“.

Прво, тој треба да знае што сака долгорочно, нормално, тоа да не се однесува на нов мобилен или лаптоп. Ако го чекате да порасне, можеби кога тоа ќе се случи, тој ќе сфати дека вие не сте она што тој го сака.

Потоа, добро е ако човекот е оптимист, што придонесува да шири позитивна енергија, која ве заразува и вас, и да ја гледа добрата страна на грозните ситуации кои неретко се случуваат во животот, а ако уште и знае да ве насмее, навистина имате среќа.

Апсолутен сон на секоја жена е и маж кој би се менувал заради вас, што е реткост, но добро е ако е спремен барем да ги сослуша вашите предлози за некои работи кои ви пречат. Според испитувањата, во успешен брак и двата партнери се менуваат и прилагодуваат, едноставно растат заедно и ги прошируваат своите интереси еден кон друг.

Ќе признаете дека почетокот на односот секогаш е возбудлив и интересен, зашто се запознавате и се ви е ново и возбудливо, постојано сте во исчекување. Заради тоа убаво е да се задржи нешто за себе, да остане меѓу вас малку мистерија во љубовната игра, зашто кога би ви раскажал се, можеби ќе почнете да го гледате повеќе како пријател, отколку како љубовен партнер.

И, на крај, нешто што воопшто не треба да се занемари и со што постојано ќе се среќавате, а и спротивставувате во иднина – финансиите. Не паничете, добар знак е ако вашиот партнер ја задржува сметката откако ќе ја плати вечерата, тоа значи дека го следи движењето на своите пари, а не дека ве проверува колку сте го чинеле. Момчињата кои се финансиски безобѕирни, имаат многу заеднички особини со неверните мажи. Секако, не треба да биде ни скржав, зашто тогаш може да биде скржав и во кревет.