Почетна » Нега » Коса » Моќни трансформации на обични жени од профи стилист (ВИДЕО)

Моќни трансформации на обични жени од профи стилист (ВИДЕО)

Коса

Трансформациите „пред и после“ се честа рубрика во женските магазини, но во овој случај откриваме кои се предизвиците на стилистите што се нафаќаат на ваквите мисии.

Константин Богомолов е од Белорусија и нема потреба за промоција во тој регион од светот, но сепак учествува во ваквите случувања најмногу за да им демонстрира на своите ученици и соработници како работи вистински професионалец.

– Кога би ги знаеле грижите, стравовите и нервозите пред да ги „објавиме“ резултатите! Сепак, ова е слика како стилистот може да добие објективна анализа за својата работа, да стекне бесценето искуство во професионалната работа, да се обиде да го наметне и аргументира своето мислење, но и да научи да ги признава грешките,- вели Богомолов.

Според него, постојат три причини како треба да се избираат модели за ваквите трансформации. Во случајот кога е снимено ова видео, тој од 300 пријавени избрал само осум, водејќи се од тоа дека: (1) Моделот не треба биде задоволен од сегашниот изглед и ова да му биде само игра, туку навистина да има потреба од експерт. (2) Учесникот треба да биде подготвен за храбри експерименти, без ограничувања за должината и бојата на косата. (3) Изборот на модели секогаш се прави од различни друштвени категории и со различен лик и возраст.

– Нашите клиенти често знаат да кажат само дека сакаат да сменат нешто, но не знаат што сакаат. Тоа е она што стилистот мора да го открие, а да не покажува слики од магазини. На тој начин никогаш нема да му помогнеме на некого да ги надмине стереотипите за сопствената појава. Клиентите очекуваат нов изглед на вообичаен начин. Наспроти тоа има и спротивен екстрем од типот „ не ми зборувај, веќе ја гледам твојата нова боја“. Нема потреба од драматичен контраст, само треба да се идентификува вистинската слика за клиентот.

За да го постигне ова, стилистот мора да направи анализа на психолошката мотивација на клиентот, а потоа да креира хармонична визуелна слика. Пред да се даде и најмалиот совет за бојата на косата или корекција на веѓите, според Богомолов мора да се развие асоцијативен пристап за новиот имиџ, а дури потоа да се формира концептот. Без тоа стилистот ризикува да вплови во несигурни води и да експериментира или да згреши. Недостатокот на идеи не може да се надомести со добра техника или со следење на трендовите, ниту пак со користење на престижни и скапи производи користени во модната индустрија.