Почетна » Семејство » Дом » Менување крпи и постелнина: Има ли временски рокови?

Менување крпи и постелнина: Има ли временски рокови?

Дом

Речиси сите производи доаѓаат со „препорака за користење“, но тоа не е случај со некои од работите кои бараат елементарно ниво на грижа при водењето на домаќинството.

Луѓето имаат потреба од различни информации кои ги употребуваат при носење одлуки, а понекогаш едноставно сакаат само да знаат одредено нешто и да не размислуваат на таа тема бидејќи не ги интересира. Затоа и не можете да најдете точен, прецизен податок, кој ќе ве упати на тоа дали треба да ги смените крпите или не. Иако кај Американците може да се сретне „препорака“ во смисла крпата за туширање да ја користите до 3 пати, она што е пресудно е како вие се однесувате со крпата во меѓувреме. Дали ја сушите, ветреете од влагата, или пак ја оставате на закачалка, можеби во бањата? Влагата во крпата и во просторијата е онаа која создава поволнi услови за размножување на бактериите, па ако веќе ве интересира хигиената, не треба да дозволите крпите долго време да стојат влажни или во просторија која што има влага.

Ако пак зборуваме за постелнината, исто е како да разговараме за чаршавот на трпезариската маса. Некој ќе се поведе од правилото „зависно од приликата“, а оние попрактичните ќе настојуваат да изведат равенка. Генерално, одржувањето на хигиената подразбира дека истата ќе ја задржите и во спалната соба. Оттука, вие најдобро знаете колку таа постелнина била користена, евентуално да дојде во допир со нечистотии и да стане легло на бактерии. Во идеални услови, препораката е чаршавите да се менуваат еднаш во седмицата, но никој нема да ви пише минус ако сте сами и ја користите постелнината 14 дена.

Секогаш имајте го на ум златното правило за одржување на хигиената кое упатува на фреквенцијата на користење. Поинаку се одржува хигиена на автобуска станица, а поинаку во домашни услови. Проветрувањето и влагата секако дека играат улога и во овој случај, па затоа повторно останува сами да ја решите равенката, бидејќи само вие ги имате точните информации. Хигиената навистина е половина здравје, но не е само до редовното миење на рацете и телото, туку и до она што ве опкружува и она со што доаѓате во допир за време на престојот дома.