Почетна » Нега » Лице и тело » Маски од јајце за негувано лице

Маски од јајце за негувано лице

Лице и тело

Покрај нивната примена во исхраната, јајцата се корисни и за нега на вашето лице, тело и коса. Овие маски можете да ги направите сами дома, се користат за сите видови на кожа, секако, освен за тие што се алергични на јајце, а доволно е само правилно да се замешаат со останатите состојки.

Маска за сува кожа

Исцедете природен сок од јаболко и портокал и додадете во таа смеса малку брашно. Во друг сад измешајте ги жолчките и додадете маслиново масло. Двете смеси соединете ги и добро промешајте ги. Маската е одлична за лице, врат, деколте и раце. Оставете ја да стои 45 минти а потоа отстранете ја со млака вода.

Маска за мрсна кожа

Направете пена од белки, додадете една чажица сок од лимон и една лажичка пченични никулци. Исечете парче киви и протријте го на лицето и вратот и оставете малку да се потсуши. Кога кожата ќе го впие сокот од киви, рамномерно нанесете ја маската и оставете ја така 20 минути. Потоа отстранете ја со млака вода.

Маска против црвенило

Изматете ги жолчките, додадете една лажичка мед и лажичка сецкан магдонос. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 30 минути. Потоа отстранете ја со млака вода и нанесете на лицето крем против црвенило. Оваа постапка повторувајте ја неколку дена додека не исчезне црвенилото.

Совети

Еднаш месечно можете да направите маска од едно изматено јајце и малку маслиново масло и да ја нанесете на косата пред да ја миете, оставете ја така 30 минути.