Почетна » Марс » Подароци за него » Машинка за потстрижување

Машинка за потстрижување

Подароци за него

Да не се разбереме погрешно, мажите сакаат да одат на бербер и да свртат „бош муабети“, но значењето на личната хигиена во денешни услови е поголемо од порано.

Дотерувањето на мустаќите, фазонирањето на брадата, поткусувањето на влакната по телото, сето тоа се чекори кон посекси изглед на посилниот пол. Иако во нашето истражување наидовме на производи кои чинат од 500 до 3.500 денари, забележавме неколку битни моменти врз кои треба да ја базирате вашата одлука за набавка на вакво апаратче.

1. Најважно од се е да знаете што сакате да постигнете со оваа машинка. Доколку барате мазен финиш, вам ви треба машинка за бричење, а тие не се особено популарни кај мажите, бидејќи „сувото бричење“ ја иритира кожата.

2.Машинките за потстрижување нудат избор на повеќе ножиња, па можете да добиете резултат од 1 до 40 милиметри должина на така скусеното влакно. Опременоста на една машинка со повеќе ножиња се смета за предност, па заинтересирајте се кои де факто му се потребни на вашиот партнер.

3. За разлика од порано, денеска машинките имаат опција да работат на батерија која се полни, за потоа при употреба да нема кабел за струја кој би можел да ви пречи. Сепак, и машинките со батерија имаат свои маани: батеријата трае извесен период, а потоа ќе мора да ја замените. Затоа се чини дека се најпрактични оние машинки кои можат да работат на стандардни батерии за полнење, кои можете да ги користите и за други потреби.